Десното крило на Вардар, Иван Чупиќ се врати во националниот тим на Хрватска, иако неговиот камбек беше под знак прашалник поради тоа што „црвено-црните“ требаше да одат во изолација.
Сепак вардарците кои имаат репрезентативни обврски добија дозвола да им се приклучат на нациоанлните тимови.
Чупиќ е возбуден поради камбекот.
„Ми фалеше сето ова, и малку поинакви тренинзи, и малку да променам средина. Ова сезона е нова Хрватска, некоја малку поинаква отколку во она време кога јас играв последен пат пред две години. Возбуден и среќен сум што повторно сум овде“, вели десното крило.
По одложувањето на средбата против Словачка, Хрватите ќе одиграат само еден натпревар од Евро Купот против домаќинот на следното ЕП, Унгарија.