По освојувањето на шампионската титула во Суперлигата, ракометарите на Вардар имаа прослава во еден од скопските ресторани.
Од фан клубот на „црвено-црните“, Иван Чупиќ, доби еден куп подароци што ќе го потсетуваат на периодот минат во Скопје.
На прославата подарок по завршувањето на играњето за Вардар доби и Сергеј Горбок. Традицијата да им се доделуваат врамени дресови беше за момент прекината поради пандемијата, но клубот не го заборави Горбок кој неколку сезони мина во Вардар и исто така беше дел од историските успеси на „црвено-црните“.
Остануваат уште два натпревари за Вардар сезонава, и тоа во СЕХА лигата против Металопластика, во понеделеник и вторник, по што ќе се замине на заслужен одмор.