ЧСМ Букурешт промовираше квартет засилувања – доаѓаат репрезентативки на Норвешка и Црна Гора

Романскиот ЧСМ Букурешт официјално ги претстави новите засилувања за следната сезона.

Ново име во романскиот тим ќе биде репрезентативката на Црна Гора, Ема Рамушовиќ. Младата ракометарка ќе биде четвртата ракометарка од Црна Гора што настапувала за ЧСМ Букурешт по Андреа Кликовац, Итана Грбиќ и Јованка Радичевиќ. Договорот на Рамушовиќ со ЧСМ Букурешт е потпишан на две години со можност за продолжување на истиот.

Репрезентативките на Норвешка и ракометарки на Вајперс Кристијансад, Емили Арнцен и Марин Ауне официјално ја договорија соработката со клубот од Букурешт. Се работи за две млади ракометарки кои во последните години добиваат шанса во националниот дрес на Норвешка. Исто како и Рамушовиќ, репрезентативките на Норвешка потпишаа договор за две сезони.

Четвртото засиливање е голманката Марие Давидсен од Турингер. Искусната голманка е повремена репрезентативка на Норвешка. ЧСМ Букурешт за нејзе ќе биде трет клуб во нејзината ракометна кариера по Турингер и Тертнес.

Во романскиот тим деновиве треба да пристигне и поранешната ракометарка на Вардар, Дијана Илина. Во наредниот период се очекува и продолжување на договорите и со неколку главни ракометарки.