ЦСМ Букурешт зададе тежок удар на Рапид Букурешт непосредно пред меѓусебниот дуел закажан за денеска.
Како што пишуваат романските медиуми средниот бек Елиза Бучечи на крајот од сезоната го напушта Рапид и ќе потпише договор со директниот конкурент ЧСМ Букурешт.
Трансферот ќе биде официјализиран по дербито во четврток, помеѓу Рапид и ЧСМ Букурешт, пишува „ГСП“.
Елиза Бучечи својата професионална кариера ја започна во Баја Маре од каде што продолжува во Олчим Валчеа. Својата интернационална кариера ја градеше во Турингер и Мидтјиланд за во 2017 повторно да се врати во Романија и да потпише за Дунареа. Пред да дојде во Рапид Букурешт, Бучечи го носи дресот и на Корона Брашов. За романската репрезентација има одиграно 81 натпревар.
Рапид Букурешт има исклучителна сезона досега и е прв на табелата во Националната лига, откако победи на 13 од 15 одиграни натпревари. Доколку го загуби натпреварот во четврток, ЧСМ Букурешт практично може да се збогува со титулата, со оглед на тоа што веќе има четири бодови помалку од водечкиот Рапид.