Според информацијата која беше објавена од страна на екипата на ЧСМ Букурешт ракометарките на оваа екипа од вчера се слободни агенти. Договорите се прекинуваат поради ситуацијата со корона вирусот и воведувањето на вонредна состојба.
Клубовите се во тешка ситуација и на ваков начин се обидуваат да спречат поголема криза.
Поради вонредната состојба која е воведена во земјата клубот беше принуден да им ги прекине договорите на ракометарките. Тие ќе добиваат по 75% од просечната бруто плата според законот, а одлуката ќе биде разгледана по завршувањето на вонредната состојба во Романија.
Ова е вториот клуб кој се одлучи на ваков чекор откако претходно истата одлука ја донесе и Корона Брашов.