Ракометар на Нексе се сели во Луксембург, ќе игра во клубот на Владимир Темелков

Левиот бек на хрватскиот вицепрвак Нексе, Ален Блажевиќ, од следната сезона одново ќе стане интернационалец.

Блажевиќ е новото засилување во тимот на Керјенг, каде што игра поранешниот македонски репрезентативец Владимир Темелков.

Хрватот во клубот од Луксембург ќе настапува до 2025 година, така што ќе игра најмалку до 39 години.

Искусниот ракометар, кој не добиваше многу шанса во националниот тим на ,,коцкестите”, во сезона 2020/21 се врати во матичниот клуд од Нашице.

На интернационално ниво, девет сезони го носеше дресот на ПИК Сегед, три сезони мина во Горење Велење, додека една сезона настапуваше за Константа, Гвадалахара и Копер.