Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја забележаа втората победа во Лигата на Европа, откако со моќна партија ја демолираа Татабања и славеа со 33-20.
Атмосферата во „Боро Чурлевски“ беше одлична, па пелистерци не можеа, а да не ја израдуваат публиката со перфектно издание.
За време на мечот, „Чкембари“ истакнаа транспарент на кој пишуваше „доаѓа зелена ера“, алудирајќи дека е време титулата да се донесе во Битола.
По завршувањето на натпреварот, навивачите и пелистерци заедно ја прославија убедливата победа која широко ги отвори вратите кон осминафиналето на Лигата на Европа.