Чкембари ги испратија милениците од Еурофарм Пелистер по победа кај Вардар (ВИДЕО)

Екипата на Еурофарм Пелистер в сабота гостува во Скопје во СЦ „Јане Сандански“ каде што го игра дуелот против Вардар од Супер машката лига. Дербито од 3. коло носи голем натпреварувачки набој, а атмосферата се вжештува и кај навивачките групи иако нема да можат во сала. Денеска битолчани добија голема поддршка од трибините од своите навивачи. Чкембарите направија пиротехничко шоу во салата „Боро Чурлевски“ и на најдобар можен начин ги испратија ракометарите по победа во Скопје кај Вардар. Натпреварот се игра в сабота во Скопје од 17 часот, а Еурофарм Пелистер утре доаѓа во Скопје.