Тимот на Цвикау, каде што настапува македонската интернационалка Симона Стојковска, забележа важна победа на гостински терен во Втората Бундес лига.
Цвикау славеше над Розенгартен со 29-31, а најголемите заслуги за триумфот над второпласираниот тим на табелата, одат на заслуга на Стојковска.
Битолчанката беше стрелец на десет погодоци, од кои четири од пенал, и беше убедливо најефикасна во својот тим.
Цвикау сега е втор на табелата, со четири бода заостанување зад лидерот Хале Нојштат.