Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за натпреварите од 12 коло во Лигата на шампионите.
Ракометарите на Вардар играат важен натпревар против хрватскиот првак Загреб, а ќе го судат чешки арбитри.
Станува збор за Вацлав Хорачек и Јири Новотни, додека делегат е Словакот Владимир Ранчик, кој беше делегат и на натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Кадетен.
Двобојот меѓу Вардар и Загреб е на програмата вечерва во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20:45 часот.