Во квалификациите за пласман на Европското првенство за жени во 2022 година Чешка го направи најголемото изненадување во 5. коло и на домашен терен ја совлада Франција со 31:30. И покрај овој пораз Французинките од претходно обезбедија место на првенството.
После првиот дел домашната репрезентација имаше водство од 16:13 кое успеа да го сочува до крај за голем триумф. Ова беше прва победа за Чешка во овие квалификации која ги остава во игра за пласман на ЕП во конкуренција уште со Хрватска и Украина. Хрватска ја совлада Украина со 26:19.
На Чешка во последното коло ќе и треба победа во Хрватска, а потоа ќе мора да слави и во заостанатиот натпревар против Украина за да оди на ЕП.
Србија славеше на гостувањето против Турција со 30:36 и во последното коло на домашен терен ќе против Исланд ќе се обиде да го потврди пласманот на ЕП. Романија немаше проблеми на гостувањето кај Фарските Острови со 21:31 и во 6. коло на домашен терен во директен дуел со Австрија ќе бара билет за ЕП.
Пласман на Европското првенство кое ќе се игра во Македонија, Црна Гора и Словенија обезбедија Полска, Швајцарија, Данска, Холандија и Франција. Многу блиску до пласман се Србија, Хрватска, Романија и Шпанија.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП, ЖЕНИ
5. КОЛО, РЕЗУЛТАТИ
ТУРЦИЈА – СРБИЈА 30:36 (16:17)
ЛИТВАНИЈА – ПОЛСКА 27:40 (15:19)
УКРАИНА – ХРВАТСКА 19:26 (11:12)
ЧЕШКА – ФРАНЦИЈА 31:30 (16:13)
ФАРСКИ ОСТРОВИ – РОМАНИЈА 21:31 (11:13)
СЛОВАЧКА – ШПАНИЈА 20:29 (8:13)
АВСТРИЈА – ДАНСКА 22:38 (11:21)
ИСЛАНД – ШВЕДСКА 23:29 (12:17)