Селекторите на репрезентацијата на Чешка, која е противник на Македонија на Европскотo првенство, го објавија списокот на ракометари со кои ќе ги започнат кратките подготовки после кои ќе го одберат конечниот список за Еуро 2020.
Јан Филип и Даниел Кубеш одбраа 14 ракометари за подготовките кои ќе ги започнат без играчите кои настапуваат во Бундес лигата. Првиот собир е закажан за 27 декември, а ќе следува и подготвителен двомеч со Словачка. По овие пријателски средби ќе бидат познати и преостанатитеа три патници на првенсството.
Состав на Чешка за подготовки: Симон Мизера (Зубри), Мартин Галија (Горњик Забже), Ондреј Здрахала (Висла Плоцк), Степан Земан (Кобург), Јан Узек (Карвина), Петр Шлахта (Ауе), Доминик Солак (Карвина), Војтех Пацел (Дукла Прага), Матеј Климан (Дукла Прага), Диедоне Мбензем (Хеутеберг), Станислав Кашпарек (ПИК Сегед), Јакуб Хрстка (Рослауер), Томаш Чип (Баја Маре), Мирослав Јурка (Жубри).
Патниците на ЕП треба да се бараат меѓу овие ракометари плус Павел Хорак, Томаш Бабак, Томаш Мрква, а нејасна е ситуацијата со повредениот пикер Леош Петровски, како и со Роман Бечвар.