Ракометарите на Чешка ги започнаа подготовките пред стартот на Европското првенство кое ќе се одржи во Унгарија и Словачка.
Чесите ги очекува голем предизвик на континенталниот собир, бидејќи имаат тешка група, а нивниот селектор, Растислав Тртик соопшти со кои ракометари ќе го одработи последниот дел од подготовките.
Чешка на ЕП ќе настапи без голманот, Мартин Галиа, кој заработи повреда на коленото на почетокот на оваа сезона.
Сепак, во составот има доволно искусни ракометари кои можат да се носат рамо до рамо со останатите противници во својата група.
Роман Бечвар, Томаш Бабак, Томаш Чип, Мирослав Јурка…. се ракометарите од кои најмногу ќе зависи играта на репрезентацијата на Чешка.
Селекторот на Чешка на 10 јануари ќе го објави конечниот список на ракометари за настап на континенталниот собир, а таму ќе патува без контролни натпревари. Чешка за прв противник на Европското првенство ја има селекцијата на Шпанија. Освен со Шпанија ќе се соочи и со Шведска и Босна и Херцеговина во рамките од Групата Е.