Денес во босанската престолнина Сараево ќе започне ракометен турнир за ветерани и ветеранки под името „Сарајево љубави моја“.
На турнирот ќе има учесници од екс-Ју просторите, меѓу нив ќе настапат и неколку екипи од Македонија.
Кај ветераните е пријавена екипата на Прилеп, која во Сараево ќе пристигне со млади ветерани.
Свој настап ќе имаат и ветераните на Македонија, кои на турнирот ќе бидат предводени од Пепи Манасков
Во женска конкуренција, поточно кај ветеранките ќе настапат екипите на Струга и Гевгелија.
Сите натпревари ќе се одиграат во спортската сала „Сабит Хадџиќ“ во сараевската населба Илиџа.