Четири кандидати за трофејот во ЛШ, само Веспрем досега нема титула

Новиот победник во Лигата на шампиони за мажи ќе биде познат после одигрувањето на завршниот турнир во Келн кој ќе се игра на 18 и 19 јуни. На 13 издание на Ф4 ќе играат Кил, Барселона, Келце и Веспрем, овие клубови имаат освоено 14 титули од вкупно 30 во Лигата на шампионите.

Барселона е бранител на титулата откако минатата сезона го освои трофејот со сите 20 победи, но оваа сезона не се толку убедливи. После трите порази на почетокот на сезоната тимот се вклопи во стилот на новиот тренер Антонио Карлос Ортега и влезе во одлична форма.

Во вториот дел од сезоната Барселона имаше сериозен предизвик да обезбеди место на завршниот турнир. Во  четвртфиналето го имаше за противник силнот Фленсбург но сепак со вкупни 60:53 усепа да го елиминира германскиот тим и да обезбеди завршен турнир.

Во полуфиналето, Барса ќе се соочи со германскиот Кил, кој четири пати го освои ова натпреварување, последен пат во 2020 година, кога во финалето во Келн ја победи Барселона со 33:28. На Кил, сепак, ќе му недостигаат двајца клучни играчи, централниот бек Сандер Сагосен и пикерот Хендрик Пекелер, кои заработија повреди на крајот на сезоната во последниот месец и ќе се соочи со долг период надвор од теренот.

Германскиот тим заврши на второто место во својата група, откако загуби три натпревари, и се квалификуваше за Ф4 после четвртфиналето против Пари Сен Жермен, обезбедувајќи вкупна победа од 63:62.

За Барселона ова ќе биде 10 учесто на Ф4, Кил по шестти пат ќе игра во Келн, додека Келце ќе го има сојот петти настап. Келце после 2019 година се враќа на завршниот турнир, а до него стигна откако во четвртифиналето го мина Монпелје со вкупен резултат од 61:50. Келце во полуфиналето ќе игра против Веспрем.

Веспрем е единстената екипа кој не го кренала победничкиот пехар и може годинава да стигне до истористки успех. Овие два ривали го имаат одиграно веројатно највозбудливото финале кога Келце од минус девет гола успеа да стигне до титулата. Веспрем шести пат игра во Келн, три пати играше финале, но ниту еднаш не освои титула.

ФАЈНАЛ-ФОР ВО КЕЛН

ПОЛУФИНАЛЕ – САБОТА 18.06.2022

ВЕСПРЕМ – КЕЛЦЕ ОД 15:15 часот

КИЛ – БАРСЕЛОНА 18:00 часот

ФИНАЛЕ 

МЕЧ ЗА ТРЕТО МЕСТО 15:15 часот

НЕДЕЛА ВО 18 часот