Во меѓусезоната белорускиот првак Мешков Брест, прави интересни интервјуа со ракометарите.
Левиот бек на руската репрезентација, Александар Шкурински, откри дека морал да одбере меѓу музиката и ракометот.
„Одев четири години во музичка школа и свирев на хармоника. Ми остана уште една да завршам, но се решив за ракомет и заминав за Краснодар. А можев да бидам Пјотр Данга, кој е најпознат руски харномикаш. Но сега ништо не знам да свирам“, низ смеа вели Шкурински.
Русинот го продолжи договорот со Мешков на уште една сезона, иако имаше понуда да се пресели во Бундес лигата.