Амбициозниот тим на Татабања од Унгарија ги стартуваше подготовките за новата сезона. Во унгарскиот тим ќе настапуваат довчерашните ракометари на Еурофарм Пелистер – Јосип Периќ, Матео Мараш, Немања Обрадовиќ и Мартон Секељ.
Четворката од Еурофарм Пелистер го одработи првиот тренинг во новата екипа, со која ќе атакува на висок пласман само на домашна сцена, бидејќи Татабања нема да игра во Европа претстојната сезона.
Татабања посакува да се вмеша во борбата за шампионската титула на домашна сцена, иако таа цел ќе биде тешко остварлива, бидејќи најголемите конкуренти, Веспрем и ПИК Сегед, имаат поголем буџет, кој им дозволува да ангажираат поквалитетни засилувања.
Покрај четворицата ракометари од Еурофарм Пелистер, Татабања ги ангажираше и Урош Виловски, Петар Топиќ, Педро Алварез, Кристијан Угалде, Давид Уборњак и Андреј Пергел.
Минатата сезона клубот ја освои 5. позиција во домашниот шампионат, додека на европска сцена, поточно во Лига на Европа не успеа да ја мине групната фаза.