Репрезентацијата на Црна Гора е вториот противник на Македонија на Европското првенство, а проблемите во 2022 година почнаа со коронавирусот бидејќи откако на првото тестирање имаше еден позитивен, на денешното второ тестирање имаше тројца ракометари и член на стручниот штаб кој мораат во изолација.
Поради ова мораше да биде откажано учеството на турнирот во Швајцарија каде што Црногорците требаше да ја имаат главната проверка пред настапот на Европското првенство. Засега не се соопштуваат имињата на позитивните, но очигледно е дека ќе мора да се менува планот бидејќи ова значи дека ќе мора да се направи нов распоред.
Селекторот Зоран Рогановиќ, пред новите позитивни тестоти наведе и какви се очекувањата од Групата А на Европското првенство каде што се верува дека ќе може до пласман понатаму во конкуренција со Македонија, Словенија и Данска.
„Данска е прв фаворит во нашата група, но се сеќаваме на онаа величенствена победа против нив во 2019 година иако тоа беше на домашен терен. И во реваншот покажавме дека можеме да играме со нив. Со Македонија можеме да го потврдиме на што веќе сме го направила, а потоа во последното коло против Словенија да се обидеме да ја оствариме целта. Секогаш одиме на нешто повеќе бидејќи овие момци имаат квалитет и треба со таква состојба на умот да пробаме да направиме уште еден чекор, а тоа е поминување во главната рунда“, коментира селекторот на Црна Гора, Рогановиќ.
Натпреварот меѓу Македонија и Црна Гора се игра на 15 јануари, а претходно на 13 јануари ривал е селекцијата на Данска. Инаку, репрезентацијата се комплетираше откако пристигнаа ракометарите кои играат во Бундес лигата и имаа обврски до крајот на минатата година.