Четворица македонски тренери од 22 до 28 декември ќе ги бранат своите трудови во обид да добијат Мастер Коуч лиценца.
Игор Котевски, Адријано Котевски, Божидар Мојсов и Ице Соколески во Врњачка Бања ќе бидат дел од шестдневниот семинар во организација на ЕХФ и Српскиот Ракометен Сојуз.
Покрај нив, селекторот на Словенија, Љубомир Врањеш, исто така ќе биде дел од овој семинар, а од познатите имиња тука се уште и Борис Ројевиќ, Ѓорѓе Теодоровиќ, некогашниот ракометар на Еурофарм Пелистер – Давор Чутура, екс голманката на Кометал ЃП – Драгица Ѓуриќ, Момир Илиќ, Дамир Доборац…
Покрај одбраната на темите, на семинарот ќе има и предавања на неколку теми од Марко Исаковиќ, Жолтан Марчинка и Владимир Копривица.