На денешниот прв натпревар на Европското првенство во составот на Македонија ќе се најдат четворица ракометари кои се дебитанти. С еработи за дебитанти на европските првенства и тука не се бројат натпреварите кои некои ги играа минатата година на Светското првенство.
Играчите кои денеска ќе го имаат првиот натпревар на Европско првенство се Марио Танкоски, Бојан Маџовски, Горан Крстевски и Марко Мишевски.
За нив ова ќе биде крштевање со натпревар на Европско првенство и секако ќе биде од голема важност.
Има уште двајца ракометари кои можат да дебитират на едно Европско првенство, а тоа се Мартин Томовски и Мартин Серафимов, но тие првиот натпревар ќе го следат од трибините.