Чеси ќе му судат на Металург

Европската ракометна федерација ги делегираше судиите за претпоследното коло од Лигата на Европа.

Чесите Вацлав Хорачек и Јири Новотни се делегирани да ја делат правдата на натпреварот меѓу Фиверс и Металург.

Овој натпревар ќе се игра утревечер во Виена со почеток во 20:45 часот, а делегат ќе биде Австриецот Рајзигер.

Металург на овој натпревар ќе биде без Тодески, Лазаревски, Хорват и Маркоски, кои останаа во Скопје.