Репрезентацијата на Македонија во март ќе игра против Романија во првиот бараж за пласман на Светското првенство во јануари во 2023 година, а доколку оди според планот и биде мината првата пречка следната ќе биде во април против составот на Чешка.
Репрезентативците на оваа селекција немаат многу убави сеќавања од натпреварите против Македонија, а тоа го потврдуваат и во изјавите кои ги даваат за овој можен дуел.
„Македонија претрпе смена на генерацијата, но квалитетот и понатаму е огромен. За разлика од Романија која ќе мора да се соочи со Македонија во март, ние добро го знаеме квалитетот на Македонците“, коментира голманот на Чесите, Томаш Мрква.
Во ова се согласува и неговиот соиграч од репрезентацијата. Левото крило на репрезентацијата, Јакуб Хрстка исто така смета дека нема да биде лесно против Македонија.
„За наша жал, Македонија нѝ е веќе чест противник. Станува збор за непријатен ривал, но голем дел од поискуснните ракометари сега повеќе не се на терен бидејќи ставија крај на репрезентативната кариера, па сега играчкиот кадар е целосно подмладен. За нас недостаток ќе биде тоа што првиот натпревар ќе го одиграме на домашен терен. Неколкупати сме виделе дека на реванш на терен на противникот е многу жешко. Инаку, без разлика дали ќе играме против Македонија или против Романија, нема да имаме лесна работа“, вели Јакуб Хрстка.
Пласманот на Европското првенство одреди кои селекции одат во првиот, а кои директно во вториот бараж. Македонија поради 22. место мораше да почне од првиот во март, така што ќе има две пречки до СП.