Червар шоу: Пцуеше, викаше, тепаше како да играат финале (ВИДЕО)

Хрватска имаше лесна задача на натпреварот против Бахреин во првото коло од главната фаза на Светското првенство во Египет и триумфираше убедливо со 28:18. На овој дуел во најголемиот дел играа најмладите и одработија максимално добро. Сепак на секоја грешка селекторот Лино Червар не пропушти да реагира кон своите ракометари и уште еднаш имаше шоу на клупата. Откако Халил Јагањац направи грешка Червар му викаше а дури и го удри ракометарот по грбот. Погледнете ја реакцијата во следното видео.