Селекцијата на Хрватска загуби од Шпанија во финалето на Европското првенство со 22-20, а селекторот Лино Червар не бираше зборови упатени кон македонските арбитри Славе Николов и Ѓорѓи Начевски на последниот тајм-аут.
Еден од најважните моменти се случи на минута и пет секунди пред крајот, кога Игор Карачиќ непотребно направи премногу чекори со топката, па македонските судии му ја одземаа топката.
Шпанија казни преку Алекс Душебајев, кој погоди за 22-20. Одлуката на Начевски и Николов беше чиста како солза, но Червар во тој момент повика тајм-аут, на кој третпат на мечот ги загуби нервите и ги пцуеше македонските арбитри.
„Отиде времето… Ни ја украде топката, да му е*ам мајката безобразна. Ајде да го завршиме нападот што е можно побргу“, кажа Червар за време на тајм-аутот.