По неуспехот на Мундијалот во Полска и Шведска, Хрватскиот Ракометен Сојуз го смени селекторот Хрвоје Хорват, а со него и целиот стручен штаб.
Покрај нив, беше сменет и Лино Червар кој ја вршеше функцијата координатор на сите машки селекции.
Червар најпрво беше воздржан, но сега во изјава за „РТЛ“ откри што мисли за Зоран Гобац, потпретседателот на ХРС.
„Јас не бев координатор на сениорската репрезентација. Навистина, постои официјален договор што не зборува за тоа и жал ми е. Такви лаги да се зборуваат јавно, тоа е храброст. Сега Гобац е среќен. Тој ме смени затоа што мисли дека е татко на ракометот. Мисли дека јас сум му опасност, а јас не бев опасност за никого. Јас се занимавам со ракомет, пишувам професионални работи, немам никакви други амбиции“, изјави Червар.
Нов селектор на Хрватска е Горан Перковац, кој ќе се обиде да ја врати репрезентацијата во европскиот и светски врв.