Хрватска загуби сензационално од Аргентина со 23-19 и многу е блиску до елиминација на Светското првенство.
Селекторот Лино Червар по поразот поднесе оставка на функцијата и порача на Хрватскиот Сојуз да си бара нов селектор.
„На никој не му е драго да загуби. Не игравме добро, изненаден сум. Бев уверен дека ќе бидеме добро. Ова е разочарување за мене. Мораме да преземеме одговорност без оглед на се. Ова е недопустливо за мене. Мислам дека е време некој да ме замени на ова место. Веќе не можам понатаму. По СП заминувам. По ваков пораз не е во ред селекторот да остане. Јас сакам да сносам одговорност. Не бегам од тоа. Жал ми е што така заминувам, ама тоа е дефинитивно. ХРС мора да најде нов селектор“, вели Червар.