Селекторот на репрезентацијата на Хрватска, Лино Червар за денешниот натпревар против Катар во редовите на ,,коцкестите” го враќа искусниот голман, Марин Шего.
За натпреварот против Катар кој во рамките на Ц групата се смета за дерби, Червар со тактички измени ќе сака да го изненади противникот. Шего допатува заедно со репрезентативците на Хрватска во Египет, но во изменатите денови тренираше под посебна програма. Искусниот стратег на Хрватска сигурно смета на неговиот квалитет и за натпреварите од втората фаза на првенството.
Шего во составот на Хрватска ќе го замени Мате Шуњиќ, кој за натпреварот против Катар ќе биде на трибини.
Денешниот натпревар против Катар за Хрватска е од огромно значење. На почетокот на првенството избраниците на Лино Червар ремизираа против Јапонија, а против Катар не смеат да си дозволат нов кикс.