Селекторот на Хрватска, Лино Червар не успеа да дојде до победа во финалето на Европското првенство со своите ракометари. Шпанија славеше со 22:20, а со тоа Червар остана без златниот медал кој недостига во неговата трофејна тренерска кариера.
После три златни и шест сребрени медали денеска дојде до уште едно сребро така што не успеа после златните медали на Светското првенство, Олимписките игри и Медитеранските игри да дојде и до Европскиот шампионат.
Со оглед на тоа што ова ќе биде последното Европско првенство во неговата кариера сосема извесно е дека ќе остане без злато од ова натпреварување, па ќе остане на бројките коишто ги имаше досега.
Пред финалето изјави дека ракометарите му подарија медал, но не успеаја да му донесат и злато, па од Стокхолм ќе се врати со седмото сребро во неговата кариера.