Селекцијата на Јапонија приреди големо изненадување откако одигра нерешено со Хрватска, 29-29. „Самураите“ можеа и да победата, ама Иван Чупиќ израмни од пенал во последните моменти.
Селекторот Лино Червар се правдаше по мечот и вели дека не треба да се плука по играчите и по него.
„Ова не е шок. Беше шок кога однапред се зборуваше дека ќе ги добиеме Јапонија, Катар и ќе се прошетаме во првиот круг. Тоа може да помисли само некој наивен. Тие се добар тим. Затоа не треба да плукате по тренерот и играчите. Морам да ги пофалам играчите затоа што се вративме, на крајот можевме да победиме. Секој даде се од себе, Циндриќ се повреди на крајот, но тој се обиде да помогне. Мора да научиме лекција, противникот никогаш не смее да се потцени. Генерално, не сум задоволен, ова е предупредување за нас, но извлековме барем бод“, изјави Червар.
Во второто коло Хрватите ќе играат против Катар, додека во последното ќе се соочат со Ангола.