Хрватска славеше над Чешка со 22-21 во неважен натпревар од главната рунда во групата 1 од Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска. Избраниците на селекторот Лино Червар сега ги чека натпреварот со Шпанија, кој ќе одлучи за првото место во групата.
„Задоволен сум, ги одморивме главните играчи. Победивме, основната задача е исполнета. Момците се покажаа, некои баш се истакнаа, сите кои се овде важни. Ја чекаме Шпанија, тоа ни е важен натпревар и се надевам дека ќе ја продолжиме низата. Ќе дадеме се од себе да заминеме од Виена победнички, а не сакам да размислувам за тоа кој ќе го добиеме во полуфиналето, важно е да се подготвиме за ривалот“, изјави Червар.
Противник на Хрватска во полуфиналето во Стокхолм би можела да биде една од селекциите на Норвешка, Словенија или Унгарија.