Селекторот на Хрватска, Лино Червар уште еднаш успеа да се најде во полуфинале на големо натпреварување со оваа репрезентација со што продолжи со одличните игри.
Червар веќе ја однесе репрезентацијата во полуфиналето на ова Европско првенство, а самиот вели дека ова му е десетто учество во битката за медал на некое натпреварување.
„Вкупно 13 пати ја имам водено репрезентацијата на големи натпреварувања, а ова е десетти пат да играме во полуфинале“, коментираше после вчерашниот дуел против Германија, Лино Червар.
Тој има право да се пофали и со тоа дека Хрватска секогаш била во горниот дел од пласманот на крајот од првенствата.
„Ние сме единствена репрезентација која има континуитет на резултати од 2003 година. Секогаш сме при врвот. Никогаш немаме пад како другите до 10,11, 12. место. Можеме да бидеме горди на ова“, изјави Червар.
На кое место ќе заврши Хрватска ќе се знае дури следниот викенд, но едно е јасно, а тоа е дека нема да биде полошо пласирана од 4. позиција.