Хрватска во последното коло на Светското првенство во Египет игра против Данска и со победа сè уште има шанси да обезбеди пласман во четвртфиналето.
Селекторот Лино Червар очекува неговите ракометари да одиграат поодобар натпревар против Данците, но истакна дека на овој Мундијал му се придава поголемо значење од што залужува.
„Уште кога започна првенството реков дека му се придава преголемо значење. Првенството не заслужува таква важност бидејќи условите не се рамноправни за сите репрезентации. Некои долго беа во изолација, не се играа националните првенства што значи дека играчите не дојдоа во најдобрата форма. Другите репрезентативци играа редовно во првенствата, се подготвуваа цела година. Тоа е голема разлика. Ние физички сме многу хендикепирани, не сме во полн тренажен процес“, рече Червар за sportnet.rtl.hr.
За да обезбеди Хрватска пласман во нокаут фазата потребно е да ја совладаат Данска, а исто така за нив да одигра Катар кој треба да ја победи Аргентина.