Червар може да здивне – Шего ќе игра на Мундијалот

Хрватската ракометна репрезентација со голем оптимизам и очекувања ќе игра на Светското првенство во Египет.

Дополнителна причина за вербата во нов голем резултат и медал и победата над европскиот шампион Шпанија, како и приклучувањето на првиот голман Марин Шего.

Иако неговиот клуб Монпелје најави дека Шего можеби нема да игра во Египет поради повреда на коленото, сепак тој денеска ќе се приклучи на подготовките.

Тој на минатото ЕП беше еден од најзаслужните што Хрватска по десет години стигна до финалето на континенталните собири.

Селекторот Лино Червар покрај Шего, на голманската позиција ќе смета и на Иван Пешиќ и Мате Шуњиќ.

Хрватска е во групата Ц во Египет, со Катар, Јапонија и Ангола.