Червар: Застарените правила ги прават судиите главни ѕвезди на натпреварите

И во време на пандемија и кога нема ракометни натпревари, хрватскиот селектор Лино Червар е интересен за медиумите.

Червар повторно зборуваше за промена на правилата во ракометот, за временско ограничување на нападите и за арбитрите.

„Одамна имам нагласено дека постои сериозен проблем –  застарени правила кои преферираат субјективна проценка на судиите. Ова најмногу се однесува на клучните одлуки, по кои арбитрите стануваат главни ѕвезди во нашиот спорт. Таквите субјективни проценки се во целосна спротивност со спортската елита. Не велам дека судиите се виновни, но не е убаво кога тие ќе се најдат во преден план и ќе станат поважни актери во натпреварот од играчите“, изјави Червар.

Иако требаше да си замине од селекторската функција ова лето, сепак ќе остане да одработи уште една година до Олимписките игри во Токио.