Червар: Замислете колку натпревари ќе има после паузата, како ќе се подготвиме?

Селекторот на репрезентацијата на Хрватска, Лино Червар изрази загриженост поради ситуацијата со пандемијата на коронавирусот. Тој со свој коментар се обрати поради тоа што следуваат голем број на натпревари за репрезентациите.

Некои од нив ќе треба да играат квалификациите за Олимписките игри, потоа квалификации за Мундијалот во Египет, а ќе треба да се одиграат и средби на Олимпијадата во Токио. Тоа ќе биде пеколен распоред за ова лето и прашање е дали ќе може сето тоа дасе постигне.

„ИХФ одлучи шампионатите да продолжат во април, а квалификациите да се играат во јуни. Сепак, уште не знаеме како ќе биде. Замислете само колку натпревари ќе треба да бидат одиграни во првенствата, а потоа ќе следуваат и натпревари на репрезентациите. Како ќе може да се подготвиме за нив? Потоа ни се приближува и Олимпијадата, но сето тоа изгледа многу чудно во моментов“, вели Червар.

Комплетниот календар е веќе изместен, а не се знае и како ќе се постигне сè откако ќе биде завршена паузата бидејќи како што стојат работите неизвесно е колку и ракометарите ќе бидат во можност да одработат бидејќи ќе бидат добар дел од сезоната без одиграни натпревари.