Хрватска славеше над Ангола со 28-20, иако по првото полувреме водеше само со еден погодок разлика, 12-11.
Селекторот Лино Червар вели дека имало добри моменти на овој меч, но дека и натаму подготовеноста не е на ниво за СП.
„Не треба да се слави, имаше добри моменти. Покажавме поголема желба за триумф, отколку минатиот меч. На ова првенство постојат два вида репрезентации, тие кои не беа во изолација и тие немаа доволно подготовки. Затоа имаме проблеми со подготвеноста, не сме убаво подготвени. Русите и Словенците летаат по теренот, зашто ги играа своите првенства. Да не се повтори ваков Мундијал. Имавме подеми и падови, постоеше нервоза бидејќи во првиот меч се извлековме. ИХФ направи голем потег со тоа што собра 32 репрезентации и испрати порака дека мора да одиме понатаму. Вистинскиот квалитет на селекциите ќе го видиме дури во Токио“, изјави Червар.
По дуелите со Јапонија и Ангола, последен предизвик за Хрватска ќе биде двобојот со Катар.