Селекторот на Хрватска, Лино Червар, го објави конечниот список на патници за настап на Мундијалот во Египет. На тој список се најде и поранешниот член на Вардар, сегашен на Келце – Игор Карачиќ, кој ја одложи операцијата за да игра на СП.
Червар најави дека ќе го чека до последен момент плејмејкерот, и откако стана јасно дека тој ќе се рехабилитира навреме, ќе патува во Египет. Kарачиќ имаше проблеми со срамната коска.
Но хрватскиот селектор, веројатно нема да го користи премногу Карачиќ во првата фаза, а товарот ќе падне на Лука Циндриќ и Домагој Дувњак, кои исто така имаа напорни есенски делови од сезоната.
Од списокот отпаднаа левото крило Ловро Михиќ и десниот бек Шиме Ивиќ, па Хрватите со 20 ракометари ќе патуваат во Египет. Во нивата група, ќе играат против Јапонија, Катар и Ангола.