Тимот на Макаби Ришон Ле Зион, каде што брани македонскиот голман Градимир Чаневски, обезбеди пласмман во финалето на Купот на Израел.
Макаби Ришон Ле Зион славеше во полуфиналето против Бнеи Херцлија со 38-35, а Чаневски забележа пет одбрани во првиот дел.
Во второто полуфинале Хапоел Ришон Ле Зион предводен од Немања Прибак загуби од Хапоел Ашдод со 30-26.
Финалето ќе се игра на 27 март, а ривалот на Макаби Ришон Ле Зион – Хапоел Ашдод, е освојувач на двојната круна минатата сезона во Израел.