Тимот на Еурофарм Работник, кој се уште чека комплетирање на документацијата за да може да игра под новото име, Еурофарм Пелистер, го очекува нов натпревар од регионалната СЕХА лига, а гостин во Битола ќе биде Загреб со Веселин Вујовиќ.
Голманот Градимир Чаневски, кој имаше одлична партија против Бидасоа, очекува тежок натпревар.
„Не очекува тежок натпревар, знаеме каков ривал е Загреб. Искусни се од настапи во Лигата на шампионите и СЕХА лигата. Наше е да направиме публиката да ужива и да ја испратиме годината со позитивен резултат. Се надевам дека ќе добиеме голема поддршка за да ја оствариме целта“, изјави Чаневски.
Натпреварот меѓу Еурофарм Работник и Загреб се игра утре со почеток во 17:15 часот.