Чаневски и Макаби Ришон ќе играат мајсторка за титулата во Израел!

Тимот на Макаби Ришон Ле Зион, каде што брани македонскиот голман Градимир Чаневски, ќе мора преку мајсторка да се бори за титулата во Израел.

Иако имаше 2-0 во победи, тимот на Чаневски загуби вторпат по ред од Хапоел Ашдод, овојпат на гостински терен со 28-24.

Македонскиот чувар на мрежата и овојпат беше на висината на задачата и успеа да одбрани 12 удари на противничките ракометари.

Сега серијата е израмнета 2-2, па ќе мора да се одигра петтиот натпревар, односно мајсторката в петок за да се добие шампионот на Израел.