Чаир со одличен финиш, доцна го скрши отпорот на Вардар

Ракометарките на Чаир дојдоа до победа во дерби дуелот против Вардар со 30:28 и на тој начин се изборија за три бода кои се многу важни во трката за висок пласман.

Вардарки на овој дуел имаа предност во голем дел. Се надигруваа неколку минути, а потоа гостинките успеаја да презедат иницијатива и да дојдат до предност. Откако домашните останаа без Марија Николовска која заработи директен црвен картон во 22 минута беше многу потешко бидејќи целиот концепт на играта мораше да се менува.

Оттаму и на полувреме Вардар успеа да има три гола предност. Водеше со 15:12, а истата ја одржуваше и во продолжение. Во еден период имаше и плус четири, 20:16 за потоа да почнат да се менуваат работите.

Тимот на Чаир до израмнување стигна при 25:25 и потоа ги сврте работите во своја полза. Успеа да се избори за предност и да стигне до победа од 30:28.

После ремито против составот на Куманово, вардарки не успеаја да стигнат до нови бодови, а Чаир со ова се враќа во трката за висок пласман.

ЧАИР – ВАРДАР               30:28 (12:15)

Сала: ОУ „7 Март“ во Скопје. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје. Делегат: Владимир Саздовски од Скопје.

ЧАИР: Кицеска, Сали, Мисовска, Динарица 7, М. Николовска 2, Божиновска, Бакиќ 1, Зам. Рамуко, Рахмани 4, Зана Рамуко, Мартиновска 1, Реџеп 3, Ѓуриќ, А. Николовска 11.

Седмерци: 5/5, Исклучувања: 6 мин.

ВАРДАР: Грујовска, Илиќ, Попова, Ѓеоргиевска 3, Стефаноска 7, Џатевска 2, Лзаровска, Костовиќ 3, Диневска 2, Миновска 1, Јаковчевска, Галевска 6, Стојановска, Стаменкова, Дамјановска 4.

Седмерци: 4/5, Исклучувања: 8 мин.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ26251076
2ЧАИР26221367
3МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА26221367
4ВАРДАР26201561
5КУМАНОВО26190757
6СТРУЖАНКА261311240
7ПЕЛИСТЕР 2012261211337
8СКОПЈЕ261031333
9ДЕСПИНА261011531
10СПАРТАК26911628
11ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.26541719
12АСТИБО26402212
13ШАМПИОН2621237