Ракометарките на Чаир славеа против Вардар со еден гол разлика, 32-31 во пријателски натпревар пред стартот на пролетниот дел од сезоната.
Избраничките на Басри Љатифи имаа плус еден на полувреме, 16-15, против девојките на Александар Царчев.
Чаирчанки го одиграа вториот пријателски натпревар, додека за Вардар ова беше трета проверка.
Чаир претходно беше подобар од Шампион, додека Вардар има победа над Панорама и реми со Куманово.
Овие контролни натпревари се дел од подготовките на екипите пред стартот на разигрувањето за титулата во Женската лига.