Екипата на Чаир, која во минатата сезона заврши на 5. позиција во плеј-оф фазата во Женската лига, ги ангажираше првите засилувања за новата сезона.
Нови ракометарки во редовите на Чаир се Марија Николовска од Вардар и босанската интернационалка, кружниот напаѓач, Амела Џакмиќ од Куманово.
Николовска може да ги покрие сите бековски позиции и се очекува да биде вистинско засилување за амбициозниот состав на Чаир, кој во минатата сезона одлично им парираше на екипите кои обезбедија повисок пласман.
22 годишната ракометарка пред да се пресели во редовите на Ѓорче Петров, односно Вардар, една сезона настапуваше во екипата на Басри Љатифи и беше најдобар клупски стрелец во рамки од ЕХФ Купот, во кој Чаир доживеа елиминација од Ниш во втората фаза.
Ракометарката од БиХ, Амела Џакмиќ од сезона 2020/21 настапуваше во составот на Куманово. Со кумановскиот тим во споменатата сезона ја освои дуплата круна во Македонија. 19 годишната ракометарка потекнува од босанската екипа Криваја од Завидовиќи.
Чаир за наредната сезона планира уште неколку засилувања, со цел подобри резултати на домашна сцена, како и добар настап во Европа. Клубот на европска сцена ќе учествува во рамки од Европскиот Куп.