Во рамките од Женскат Суперлига Чаир на домашен терен успеа да слави против Деспина со 31:27. Со оваа победа Чаир дополнително ја зголеми предност во однос на Деспина на петтата позиција и таа после ова коло изнесува пет бода. Деспина останува шестопласирана со осум бода.
По првите минути кои донесоа изедначена игра Чаир првата посериозна предност започна да ја прави некаде кон средината на полувремето кога поведе и со пет гола разлика (14:9). Сепак во финишот од првиот дел следуваше нешто подобра игра на Деспина па на паузата Чаир водеше до 17:14.
Добрата игра на гостите од Прилеп се пренесе и во второто полувреме, па така полека успеаа да стигнат до изедначување па и до водство. Првото водство после 2:3 и 3:4 Деспина го имаше кога поведе со 23:24. Сепак, кратко траеше таа предност. Чаир брзо ја презема контролата на натпреварот и со подобра завршница дојде до победата.
Стефанија Ѓеоргиевска и Теодора Дукоска беа најефикасните во Чаир со по седум постигнати гола, додека кај Деспина Сања Цветковска постигна девет гола.