Чаир освои планирани бодови против Пелистер

Ракометарките на Чаир во рамките од 23. коло од Женската лига славеа убедлива победа против Пелистер со 35:29.

Во првите десетина минути од натпреварот главно се играше гол за гол. Чаир преку Николовска и Рахмани направи серија од 2:0 и дојде на плус два, 8:6, во 11. минута, но ракометарките на Пелистер одржуваа резултатска рамнотежа.

Затаи нападот на домаќинките, па битолчанки направија мини пресврт. Босилевска на четири минути пред крајот од првиот дел беше успешна за 14:15. Сепак, избраничките на Басри Латифи по 30. минути надигрување заминаа со предност од 19:18 на полувреме.

Почетокот на второто полувреме продолжи со играта од првиот дел, но и со технички грешки на двете страни. Поискусната екипа на Чаир успеа да дојде до два гола предност, 20:18.

Чаир уште повеќе ја подобри својата реализација во продолжението и сериозно влезе во борбата за бодови. Водството на домашниот тим постојано се зголемуваше и до самиот крај немаше поголема промена на резултатот.

Најефикасни во победничкиот тим беа Марија Николовска со девет и Ана Марија Божиновска со седум гола. Во составот на Пелистер, прв стрелец беше Марија Јанкуловска со 12 гола.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080