Ракометарките на Чаир се вратија на победнички патеки во Женската лига откако во рамки на 17. коло на домашен терен беа поуспешни од екипата на Деспина со 30:24.
Деспина беше одличен ривал и долго одржуваше резултатска рамнотежа на овој натпревар. Чаир поведе со 3:1 но гостинките усепаја брзо да израмнат на 6:6. До крајот на првиот дел домашниот тим повторно обезбеди водство и на полувреме имаше 14:11.
Продолжението донесе многу неизвесност, Деспина израмни на 17:17, а веднаш потоа и го презема водството. Сепак Чаир многу брзо возврати и повторно ја презема контролата на теренот.
Во следните минути натпреварот се играше максимално израмнето со игра гол за гол до резултат 23:23. Чаир не дозволи изненадување и со серија од 5:0 направи голема предност во завршницата која беше доволна за конечен триумф.
ЧАИР – ДЕСПИНА 30:24 (14:11)
Сала: ОУ 7ми март во Скопје. Судии: Иво Георгиевски и Игор Наумовски. Делегат: Мамер Реџепи.
ЧАИР: Сали, Кицеска, Мисовска, Динарица 3, Николовска 11, Рамадани, Божиновска 4, Камбери, Рамуко, Рахмани 2, Рамуко, Мартиновска, Шерифи, Ѓуриќ, Филипоска 8, Алексоска 2.
Седмерци: 10/12. Исклучувања: 10 мин.
ДЕСПИНА: Димитриеска, Боризоска, Гулеска 2, Рипилоска 5, Камческа 4, Цветкоска, Спиркоска, Ристевска, Димитриова 2, Богеска, Конеска 8, Чурлиноска, Еленин, Цаневска, Димовска, Седлоска 3.
Седмерци: 4/7. Исклучувања: 6 мин.