Чаир не виде мака против Кузман Вардар

По пласманот на завршниот турнир во Купот на Македонија, ракометарките на Чаир победнички го стартуваа и пролетниот дел од сезоната во Женската лига.

Избраничките на Басри Латифи победија кај составот на Кузман Вардар со убедливи 14 погодоци разлика, 21-35, иако не играше најдобриот стрелец Анастасија Николовска.

Победникот беше познат уште по првото полувреме кога Чаир водеше со плус десет, 9-19, а во продолжение домаќинките немаа сили да парираат.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Мила Алексоска и Ива Мисовска со по седум гола, додека кај Кузман Вардар се истакна Јована Ангеловска со пет.