Ракометарките на Чаир имаа убедлив старт на сезоната, тие на свој терен jа остварија прват победа во Женската лига против екипата на Кузман Вардар од Илинден со 39:19.
Домаќинот на овој дуел беше голем фаворит и во целост ја оправда улогата. Уште на почетокот беа решени сите дилеми околу победникот кога Чаир поведе со 10:0.
Во продолжението ракометарките на Кузман успеаја да ја пробијат противничката одбрана и постигнаа девет гола во првите 30. минути. Сепак на полувреме беше 23:9 за Чаир и веќе беше познато кај која екипа одат бодовите.
Доминацијата на домашната екипа пордолжи и во вториот дел. Разликата постојано се зголемуваше и достигна до премногу убедливи 20 гола, при резултат 37:17. Ракометарките на Чаир имаа лесна задача во првото коло и рутински ја остварија првата победа.
Најефикаска во победничката екипа беше Анастасија Николовска со 12 погодоци, а во тимот на Кузман најпрецизна беше Јована Ангеловска со четири гола. Во следното коло Чаир ќе има тешко гостување во Автокоманда кај Металург додека, екипата на Кузман ќе го пречека Овче Поле СУ.