Тимовите на Ѓорче Петров и Чаир останаа да ја бранат честа на женскиот клупски ракомет во Европа, по елиминациите на Куманово и Металург.
Чаир за ривал во третата рунда од Европскиот Куп го има израелскиот Макаби Аразим Рамат Ган. Првиот меч ќе се игра в недела во Автокоманда од 18:00 часот, а судии ќе бидат Беќири и Красниќи од Косово, додека делегат е Генчев од Бугарија.
На реваншот во Израел, кој ќе се игра на 10 декември од 18:00 часот, судии се Холанѓаните Веијманс и Волбертус, додека делегат е Антонопулос од јужниот сосед на Македонија.
Двомечот меѓу шампионот Ѓорче Петров и австрискиот Румс Јагс, ќе се одигра во Автокоманда на 10 и 11 декември од 18:00 часот. Судии на двата натпревари ќе бидат Романците Мурариу и Парашив, додека делегатка е Обучина од Србија.