Чаир и Феникс играа без одбрана – постигнаа дури 82 гола, триумфираше фаворитот

Ракометарките на Чаир и Феникс одиграа многу ефикасен натпревар во 8. коло од Женската лига кој на крај го доби домашниот тим со 44:38 и го задржа чекорот со првопласираниот Куманово.

Натпреварот започна со брзи реализации на нападите, се играше израмнето до средината на првиот дел и резултат 11:11. Следуваше подобар период на Феникс и постојано водство од два или три гола. Сепак на полувреме беше нерешено 20:20.

Во продолжението Чаир ја диктираше играта и резултатот, најчесто имаше еден или два предност, а со серија од пет гола домашниот тим поведе со 31:25 и направи доволна залиха. До крај на дуелот без проблеми поискусниот тим стигна до бодовите.

Теодора Дукоска со седум гола беше најефикасна во тимот на Чаир, зад неа со по шест беа Биљана Дамчевска и Мирјана Петковска. Убедливо најефикасна на теренот беше ракометарката на Феникс, Емилијана Ризоска со 17 гола, но тоа не помогна нејзиниот тим да избегне пораз. Сандра Корлевска постигна девет гола.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080